Ердоган: Парламентарните избори ќе дадат можност Турција да стане претседателска република

Од:

Парламентарните избори на 7 јуни на Турција ќе и дадат можност за промена на моделот на владеење, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од ТАСС.

– Турција преживува важен период. Таа се развива и со секој изминат ден се повидлива станува неопходнста од соодветно обновување. Со навиките на стара Турција ние нема да ги постигнеме своите цели. На нас ни е неопходен претседателски систем и јас сметам дека изборите на 7 јуни ќе ни дадат можност тоа да се направи, посочи Ердоган.

Тој забележа дека дискусиите за смена на формата на управување се водат од моментот на создавање на турската република.

– Но, од времето на Мустафа Кемал Ататурк на никого не му дојде вистинското време или сили тоа да го направи. Кога се кандидирав за претседателската функција зборував за неопходноста од преод кон претседателски систем и нов Устав, посочи Ердоган.

Според него, идејата за промена на политичкиот систем во земјата е поддржана од 52 проценти од граѓаните, кои гласале за него на претседателските избори.

Тој, меѓутоа, подвлече дека претседателската република како форма на управување не е „лична желба“ на шефот на државата, туку е услов за постигнување на целите на Владата што се поставени до 2023 година. Посебно станува збор за влез на Турција во шесторката на најразвиени земји во светот, за суштинско зголемување на квалитетот на живот на граѓаните и на меѓународното влијание на земјата.

Според аналитичарите, Ердоган и повеќемина претставници на државното раководство сериозно се однесуваат кон перспективата за смена на формата на управување со земјата. Освен тоа, при преземањето на претседателската функција Ердоган ја кажа својата намера во рамки на својата администрација да формира неколку управи кои всушност ќе дуплираат редица функции на министерствата.

Се смета дека новата форма на владеење ќе се најде во проектот на нов Устав, по што нема да биде исклучено уште годинава да се спроведе референдум.

Од овие причини на владејачката Партија на правдата и развојот и е неопходно да си обезбеди максимална можна поддршка на парламентарните избори.

Опозицијата остро се спротивставува на менувањето на политичкиот систем во земјата и смета дека Ердоган се стреми кон авторитаризам, бидејќи овој систем ќе му даде неограничена власт во земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ