Ердоган: Нема да и дозволиме на Сирија да добие територија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја нема да дозволи сириските сили да окупираат дополнителни територии во северната сириска провинција, последно упориште на бунтовниците, јавија турските медиуми.

Коментарите на Ердоган се откако сириските сили стигнаа до западниот влез на упориштето на бунтовниците „Саракеб“ во провинцијата Идлиб на северот, при што ОН најавуваат дека повеќе од половина милион луѓе ги напуштиле своите домови од 1 декември како резултат на офанзивата.

Во овој момент Сирија се обидува да достигне до територија принудувајќи невини и сиромашни луѓе кон нашата граница, изјави Ердоган, објави приватната телевизија НТВ.

Нема да и дадеме на Сирија можност да добие територија, истакна турскиот претседател.

Осуммина турски државјани загинаа вчера во гранатирања со сириските владини сили во Идлиб.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени