Ердоган категоричен: „Не“ за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Од:

Анкара се уште останува на ставот дека не го поддржува влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Шведската телевизија емитуваше интервјуа со водачите на терористичките групи. По ова не можеме да кажеме дека се добредојдени во НАТО. Истото важи и за Финска“, истакна турскиот претседател.

Претседателот на Турција пред неколку дена изјави „дека безбедносниот систем на Западот е во колапс“.

„Системот создаден од Западот со цел да си обезбеди сопствена безбедност и просперитет се урива“, рече Ердоган на конгресот на владејачката Партија на правдата и развојот.

Тој додаде дека западните земји почнале позитивно да реагираат на идејата изнесена од Анкара за потребата од реформирање на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Предлогот за реформа на Советот за безбедност на ОН, кој го презентираме долги години, изгледа успешен. Во светот има повеќе од пет земји-членки на Советот за безбедност. Сега почнаа да зборуваат за тоа, велат тие Советот за безбедност на ОН треба да се реформира, за што зборуваме“, рече турскиот лидер.

Ердоган изјави и дека во Европа владее паника поради конфликтот во Украина.

„Додека нашата земја веќе 11 години успешно се справува со илегалната миграција поради Сирија, забележуваме паника во Европа поради руско-украинската криза. Се молиме светот да излезе од критичниот период низ кој минува што побрзо“, рече Ердоган.

Турските власти долги години активно се залагаат за реформа на системот на ОН, а во последно време овие апели зачестија поради ситуацијата во Украина.

Во октомври 2021 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека судбината на човештвото не треба да се остави на милост и немилост на „неколку држави“ победници во Втората светска војна.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговори дека се согласува дека петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН немаат право да ја диктираат судбината на светот, но дека тие не претендираат такво нешто.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО