Ердоган ја одобри одлуката на Парламентот за распоредување турски воени сили во Катар

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја одобри одлуката на Парламентот за распоредување турски воени сили во Катар, што претставува знак за поддршка за земјата од Персискиот Залив која е исправена пред изолација од другите арапски држави заради својата претпоставена поддршка на тероризмот, пренесоа британските медиуми.

Турскиот Парламент во средата го усвои законот, а Ердоган веднаш го одобрил, што стана познато синоќа преку соопштение на неговиот кабинет, а одлуката веќе денеска беше објавена и во турскиот службен весник.

Ердоган доцна синоќа ја е ратификувал и спогодбата меѓу Турција и Катар за соработка во воената обука. Двата закона беа изготвени пред избувнување на кризата со Катар.

Турција, исто така, вети дека со храна и вода ќе ја снабдува оваа сега изолирана арапска држава.

Турскиот претседател изјави дека преземените мерки кон Катар нема да доведат до решение на проблемите. Ердоган, кој одамна се обидува да ја игра улогата на посредник во регионот, вели дека Анкара ќе направи се што е во нејзина моќ за да помогне во надминување на кризата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во пожарите во Турција досега загинаа четири лица, евакуирани стотици луѓе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Страотен пожар беснее и кај Бодрум, стотици туристи евакуирани од хотелите

Жарко Настоски

ВИДЕО: Најмалку едно лице загина, а 62 се повредени во пожарот кај Анталија

Ана Ололовска

Поради пожарите во регионот на Анталија, Османи не оди во 500 километри оддалечената Анкара

Жарко Настоски

ВИДЕО: Голем шумски пожар во турското одморалиште Сиде – изгореа села, хотелите без струја и вода

Жарко Настоски

ЕУ со осуда за случувањата во Вароша

Ана Ололовска