Ердоган: Изолирањето на Катар нема да ја реши кризата

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави синоќа дека изолирањето на Катар, вклучително и наложувањето на санкциите, нема да ги реши проблемите, и увери дека Анкара ќе направи се што е можно за прекинување на кризата, јави ТАСС.

Во понеделникот осум држави – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет и Јемен, и привремено Владата на Либија, Малдивите и Маврициус ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламски екстремисти и шиитски Иран.

Неколку земји соопштија дека преземале и други мерки, вклучително и прекинувањето на транспортните врски, економските и финансиските односи, и прекинување на банкарските операции.

– Изолирањето на Катар нема да реши никакви проблеми, нагласи Ердоган.

– Ние правиме се што е во наша моќ за решавањето на кризата, истакна турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Турција ги отфрла критиките на ОН за Кипар

Ана Ололовска

Вучиќ му одговори на Ердоган дека ќе се бори ако дојде до лобирање за признавање на Косово

Ана Ололовска

Блинкен: Акциите на кипарските Турци во Вароша се провокативни и неприфатливи

Ана Ололовска

Грчко МНР: Турција да запре со провокациите на Кипар и да се усогласи со меѓународното право

Ана Ололовска

Ердоган: Веднаш можеме да го преземеме управувањето со аеродромот во Кабул, доколку САД не поддржат

Ана Ололовска

Инцидент меѓу турски и кипарски патролен брод

Ана Ололовска