Ердоган им забрани на бегалците премин преку море

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера издаде наредба крајбрежната стража да не им дозволува на бегалците, поради нивна безбедност, да го преминуваат Егејско Море.

– Илегалните премини на бегалците преку Егејско Море не се дозволени бидејќи се опасни, соопшти турската крајбрежна стража повикувајќи се на претседателскиот указ.

Спроведувањето на мерката ќе го надгледува турското Министерство за внатрешни работи.

– Иако начелото на неинтервенирање во случај бегалците да сакаат да ја напуштат Турција и понатаму ќе се спроведува, таквиот пристап не покрива преминување преку море поради опасноста по живот, се наведува во соопштението на турската крајбрежна стража.

Турската крајбрежна стража ја обвинува Грција дека ги крши меѓународните закони со тоа што ги доведува во опасност чамците со бегалци и мигранти и тврди дека во четвртокот спасила 100 мигранти од три бродови кои тонеле, а грчката крајбрежна стража не реагирала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски