Ердоган го послуша гласот на народот- нема полициски час за време на викендот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека одлучил да се откаже од полицискиот час во текот на претстојниот викенд, пред се, поради реакцијата на турската јавност, но ги предупреди сограѓаните за сериозното зголемување на бројот на заразени, јавија британските медиуми.

Министерството за внатрешни работи во понеделникот најави дека за време на викендот ќе има полициски час, а турскиот претседател предупреди дека бројот на нови случаи е зголемен од 700 на речиси 1.000 дневно.

„Реакциите на граѓаните на оваа мерка, сепак, не предизвика да ја преиспитаме одлуката и да го отповикаме најавениот полициски час“, соопшти турскиот претседател на Твитер.

Ердоган апелираше до своите сограѓани да се придржуваат до мерките за физичка дистанца и да ги земат предвид хигиенските препораки.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски