Ердоган ги повика демонстрантите до вечер да си заминат

Од:

Турскиот премиер, Реџеп Тајип Ердоган ги повика демонстрантите вечерва да ја завршат окупацијата на истамбулскиот парк Гези, бидејќи вети дека ќе ги промени плановите за негово преуредување.

-Се надевам дека се ќе заврши до вечерва-изјави Ердоган пред членовите на неговата владејачка партија.

Тој на стотиците демонстранти, кои се уште се наоѓаат во паркот, им порача дека владата ги прими нивните пораки.

Владата денес соопшти дека премиерот се согласил да ги запре плановите за преуредување на паркот, а демонстрантите го поздравија неговиот став и го оценија како „позитивен“.

По четиричасовниот состанок на Ердоган и претставниците на лидерите на демонстрантите доцна синоќа, заменикот на премиерот Хусеин Челин изјави дека владата ќе ја почитува судската одлука за запирање на проектите и дека ќе инсистира да се одржи референдум за преуредување на централниот парк.

Во судирите во текот на протестите во Турција загина пет лица, а речиси 5.000 се повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски