Ердоган до Путин: Разговорите меѓу талибанците и поранешните авганистански лидери се ветувачки

Од:

Актуелните разговори меѓу талибанците и поранешните авганистански лидери за изгледот на идната влада се „ветувачки“, му соопшти во телфонски разговор турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на својот руски колега Владимир Путин, пренесе ДПА.

Двајцата лидери се согласија, додава ДПА, да ги координираат следните чекори во односите со идната влада во Авганистан, соопшти кабинетот на Ердоган.

Ердоган истакна дека новата влада треба да биде инклузивна, за да ги претставува сите етнички групи во земјата. Турскиот претседател одделно кажа дека Анкара е заинтересирана да продолжи да оперира на аеродромот во Кабул „под поволни услови“.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан