Ердоган: Деновите на Асад се изброени

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го критикуваше ставот на Русија, Кина и Иран во врска со кризата во Сирија која овозможува масакрот во земјата да трае со несмалена жестокост 18 месеци и рече дека “Деновите на Асад се изброени.”

Ердоган, во интервју за Турската државна телевизија НТВ изјави дека деновите на сирискиот претседател Башар ал-Асад се изброени и дека тој ќе мора да се повлече од власта.
“Тој веројатно ќе мора наскоро да си оди, не може повеќе да се спротивстави на (притисокот на бунтовниците)”, рече Ердоган, пренесе агенцијата Ројтерс.

Ердоган истакна дека Русија е “главен извор на разочарување.”

– Некревајќи глас против Сирија, таа (Москва) го поддржува масакрот. И Кина “стои” со Русија. Иако кинескиот претседател Ху Џинтао ми рече дека нема да стави вето на планот (за создавање безбедносни зони во Сирија) по трет пат, тие тоа го направија при гласањето во ОН – рече Ердоган.

Ердоган ја опиша позицијата на Техеран спрема бунтот против сирискиот претседател како “невозможно е да се разберат”.

Ројтерс наведува дека Русија, Кина и Иран го подржуваат Асад чие семејство и малцинската секта Алави се на власт 42 години и дека, за време на средбата во седиштето на ОН оваа недела, светските лидери изразија загриженост поради насилството во Сирија, но останаа “во ќорсокак” во одговор на насилството.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски