Ер Србија воведе директна авионска линија Белград-Њујорк

Од:

Првиот патнички авион од Србија за САД после 24 години полета изутринава од белградскиот аеродром “Никола Тесла“.

Според мандатарот за новата српска влада, Александар Вучиќ, отворањето на оваа линија има големо значење за земјата но и за регионот при што изрази надеж дека нема да се затвори во следните сто години.

-Овој лет покажува дека нашата цел е да се отвориме кон светот, да постигнеме пријателства со оние со кои не умеевме во минатиот период. Значајно е дека имаме одлични односи со САД, тоа ќе го поттикне нашиот економски раст. Ова ќе го приближи Белград кон Њујорк, но и цела Србија кон Американците, рече Вучиќ.

Вучиќ кажа дека Србија три децении учи на сопствените грешки, но сега “полага испит по испит и стигнува до висините кои ги заслужува“.

Генералниот директор на Етихад, и потпретседател на Надзорниот одбор на Ер Србија, Џејмс Хоган рече дека летот за Њујорк е нова фаза во развојот на таа компанија и уверен е дека после 24 години Белград станува порта на Балканот за САД.

Авионот “Ербас А330“ кој полета на директната авио линија за Њујорк, го доби името “Никола Тесла“, и станува збор за првиот широкотрупен авион за редовни интерконтинентални летови помеѓу Балканот и САД. Тоа е најголемиот авион во флотата на Ер Србија кој пристигна во мај минатиот месец.
Авионот има 254 места и е единствен авион од ваков вид во целиот регион.

Картите за летот Белград-Њујорк беа во продажба од февруари по цена од 399 долари.

Како што јавија срспките медиуми, на првиот лет патуваат и познати личности од политиката, спортот, културата.

Би можело да ве интересира

Сенатори на САД во посета на Белград и Приштина

Зоран Арсовски со самостојна изложба во Белград

Неколку улици во Њујорк беа именувани по Ву-танг клан

Ана Ололовска

Шестчлено семејство изгоре во пожар во Њујорк

Откриена печатница за фалсификување евра во Белград, осомничениот уапсен

Татјана Ташкова

Гојковиќ: Не е точно дека нема дијалог меѓу власта и опозицијата, бесмислени се барањата од протестот