Епископ на СПЦ : На Македонците треба да им се даде независна црква

Од:

На Македонската православна црква треба да и се даде автокефалност, оцени за српски „Блиц“ епископот шабачки Лаврентије и додаде дека Светиот Архиерејски Синод на Српската православна црква на заседавањето во мај идната година „може да го покрене прашањето за нормализирање на односите помеѓу СПЦ и канонски непризнатата Македонска православна црква“.

„Верувам дека Македонија таквата иницијатива ќе ја прифати. Речиси сите православни цркви се автокефални, па зошто да не е и македонската. Само тоа треба канонски да се уреди. Треба да им се овозможи самостојно да се организираат, а не некој друг да ги организира. Така е подобро за црквата“, изјави епископот Лаврентије.

Тој оценува дека предлогот на српскиот претседател Томислав Николиќ ракодствата на двете земји да помогнат во решавањето на долгогодишниот спор е „чесен и искрен“, но мисли дека проблемот за статусот на црквата во Македонија треба да го решат МПЦ и СПЦ, без помош на државните органи.

„Тоа не црковен судир, туку политички. Нас државата на раскара уште во времето на Тито, кога беше наложено создавањето на Македонската црква бидејќи не им одговараше јака српска црква. И со оглед дека тој судир не е на верска основа туку на политичка, државата нема да успее да не помири ако двете цркви не сакаат. А досега такви иницијативи немаше ниту во нашата, ниту во нивната црква“, рече Лаврентије.
Тој додава дека можеби некој друг ќе му предложи на Синодот да покрене иницијатива за регулирање на односите помеѓу двете цркви.

Епископот Бачки оцени дека „претседателот на Србија, на владата и воопшто Србија како држава има не само право туку и должност да се интересира за политичкиот и меѓудржавен аспект на проблемот кој постои“.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски