ЕП: Турција продолжува да се оддалечува од стандардите на ЕУ

Од:

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент го усвои извештајот за Турција, во кој се констатира дека не може да се преговара за членство со оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со 54 гласови за, седум против и 13 воздржани, членовите на комисијата за надворешни работи оцени дека нема напредок во Турција во делот на ЕУ реформите и дека не може да се одмрзнат преговорите за членство во ЕУ, додека нема јасен напредок. Европратениците сметаат дека во последните две години Турција конзистентно се оддалечува од ЕУ и покрај неколку позитивни настани во односите меѓу ЕУ и Турција.

Европскиот Парламент останува загрижен и поради влошените односи на Турција со нејзините соседи членки на ЕУ.

Човековите права исто така се оценети како влошени во Турција, се жали поради административните и законските притисоци врз граѓанското општество, новинарите и бранителите на човековите права. Пратениците ја повикаа Европската комисија да ја зголеми финансиската помош за чинителите кои работат на демократија и човекови права во Турција.

Европратениците сепак ја поздравија улогата на Турција во војната во Украина и нејзината волја посредува помеѓу Киев и Москва. Поради ова е важно ЕУ и Турција да имаат добра соработка во делот на безбедноста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски