„Екстремизам, национализам и популизам“ задолжителни зборови во секоја изјава на Аврамопулос

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос продолжува со обвинувањата кон земјите од Западен Балкан дека водат националистичка политика, јави дописникот на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија изминатите денови се сретна со неколку министри за надворешни работи од европски земји, и во секоја изјава соопшти дека на средбата било разговарано за евроатлантските интеграции на земјите од Западен Балкан , при што тој на сите соговорници им се пожалил на „националимот, популизмот и екстремизмот“ од страна на земјите во регионот.

– Европската перспектива е докажан катализатор за реформите. И токму затоа Грција и Романија имаат заеднички интерес во цврстата европска перспектива на сите наши јужноевропски соседи. Ова, се разбира, значи дека сите во регионот треба да ги почитуваат европските принципи за добрососедски односи и да работат со цел да ги решат отворените  спорови. Тоа исто така значи дека мора да биде кристално јасно за властите во регионот дека апсолутно нема место за екстремизам, национализам, расизам и ксенофобија. Тоа е незамисливо во денешното големо европско семејство, изјави Аврамопулос по вчерашната средба со романскиот министер за надворешни работи Титус Корлатеан.

По средбата со холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс која се одржа на почетокот од седмицава, Аврамопулос излезе со идентична изјава.

– Во однос на проширувањето, се согласивме дека во ова критично време за нашиот регион, европските перспективи на земјите кандидати продолжуваат да дејствуваат како катализатори за реформите. Но, како што разговарав во детали со Тимерманс, национализмот е реална закана со која треба да се соочиме, и на властите во регионот јасно да им дадеме до знаење дека во денешна Европа нема место за национализам, рече Аврамопулос.

По средбата минатата недела со шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, на која  детално било разговарано и за Македонија, грчкиот дипломат рече дека „популизмот и национализмот денес се најлоша комбинација во нашиот регион“.

– Популизмот и национализмот ги поткопуваат  сите напори за стабилизирање на  овој чувствителен регион на Европа. Никогаш не смееме да заборавиме дека Грција е стабилизирачки фактор во регионот. Ние ги осудуваме популизмот и национализмот и на сите начини испраќаме позитивна порака до нашите соседи, особено до оние со кои имаме некои проблеми кои треба да се решат, рече Аврамопулос.

Шефот на грчката дипломатија во оваа изјава не пропушти да одржи предавање за разликите меѓу патриотизмот и национализмот, велејќи дека „национализмот е омраза кон други земји, додека патриотизмот е љубов кон сопствената земја“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски