Експретседателот на Косово, Пацоли, пријавил дека поседува имот од стотици милиони евра, куќи и хотел во странство

Од:

Поранешниот претседател на Косово и лидер на партијата Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, го пријавил имотот што го поседува во Агенцијата за борба против корупцијата. Според пишувањата на „Газета експрес“, во анкетниот лист Пацоли пријавил неколку недвижнини во државата и надвор од неа, кои вредат милиони евра. Медиумот пишува дека само авионот експретседателот на Косово вреди скоро 10 милиони евра.

Пацоли пријавил дека има осум автомобили во вредност од околу еден милион евра, како и околу пет милиони евра на банкарски сметки. Тој се изјаснил дека поседува и недвижен имот надвор од Косово кој вреди 125 милиони евра, а исто така има земјиште и деловни простории во вредност од милиони евра.

Само еден дел од земјиштето кое го поседува Пацоли во странство, вреди повеќе од седум милиони евра, додека една од куќите што ги има чини околу 18 милиони евра. Тој е исто така сопственик на швајцарскиот хотел „Дијамант“, чија вредност е проценета на 42 милиони евра.

Освен недвижнините, експретседателот на Косово и лидер на партија, има и акции кои вредат околу еден милион евра, а преку кои има удел во сопственоста во околу 20 компании, а во дел од нив, има и 100 проценти од акциите.

Би можело да ве интересира

Ердоган се сретна со косовскиот претседател Тачи

Ана Ололовска

Македонски државјанин упасен во Косово поради нелегално преминување на границата

Ана Ололовска

Угостители кршеа чинии пред Владата на Косово

Ана Ололовска

Хоти за акцијата на косовската полиција: Ова е само почеток на враќање во нормалност

Ана Ололовска

Голема полициска акција во Косово, уапсени 33 лица поради нелегално коцкање и трговија со луѓе, оружје и наркотици

Ана Ололовска

ВИДЕО: Србите смислија свој симбол на орел како одговор на албанскиот

А1он