Експлозија во Риека: Двајца уапсени, поставиле уште една бомба, а имал и трета експлозивна направа

Од:

Хрватската полиција извести дека ноќеска во близина на управна зграда на деловен субјект во близина на трговски центар во Риека е активирана непозната експлозивна направа. Во инцидентот нема повредени.

Непосредно пред споменатиот настан, околу полноќ, полициски службеници пред трговскиот центар во месноста Кострена затекнале германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа. Двајцата се приведени во полициска станица.

Осомничените имале и трета направа, а се е поврзано со експлозијата од 21 мај во реонот на трговскиот центар Вежице во Риека. Истрагата за наведените настани е во тек, како и кривичната истрага за утврдување на сите факти и околности.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во близина на Риека

Драма во Црна Гора: Пристигна закани, ќе поставиме канистри со нервен гас

Дојава за бомби во судови, училишта и во Собранието на Црна Гора

Неколку факултети во Србија добија дојави за поставени бомби

Спасовски: Нема дојави за бомби откако се воведоа протоколи во училиштата

Орце Костов

Дојави за наводно поставени две бомби во болници во Белград