Експлозија во резиденцијата на Ѓукановиќ

Од:

Во вила „Горица“ во Подгорица, која ја користи црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ и владата на Црна Гора за прием на високи гости и странски делегации, се случила експлозија, јави „Вечерње новости“.

Црногорските медиуми пренесуваат дека на местото на настанот има противпожарни возила.

Причината за експлозијата во Вила Горица се уште не се знае, а според пишувањата на црногорските портали, се очекува наскоро да се обратат надлежните.

Покрај различните сценарија, не треба да се исклучи и тоа дека станува збор за диверзија со цел да се предупреди Ѓукановиќ, пишува in4s.net.

Српскиот весник „Блиц“ објави дека најверојатно дошло до експлозија на една од разводните кутии.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора