Експерти: Италија мора да ја блокира мафијата при реконструкцијата по земјотресот

Од:

Италијанските власти мора да се осигураат дека мафијата нема да може да игра улога во реконструкцијата по катастрофалниот земјотрес кој зеде скоро 300 жртви, рече најголемиот анти-мафијашки обвинител, пренесува Гардијан.

Франко Роберти, директорот на дирекцијата против мафијата во Италија рече дека организираниот криминал нагласи дека огранизираниот криминал се нема инфлитрирано во градежништвото по земјотресот близу Неапол во 1980 година, во кој загинаа 2.483 лица. Тој вели дека мора да се преземат чекори за да бидат сигурни дека тоа нема да се случи и земјотресот од минатата недела.

– Има ризик, освен ако не се прикрие. Реконструкциите по земјотресот се вкусен залак за огранизираниот криминал, рече Роберти.

Тој вели дека погрешната конструкција на Неапол Камора исто така имало голема улога во уништувањето и смртните случаи во Ирпиниа. Тој вели дека ги научиле лекциите, но ризикот се уште е тука.

– Ризикот е секогаш висок, но искуството со земјотресот во Аквила ни покажа кој може да сработи добро. Ние сме подготвени, рече Роберти.

Според обвинителот во Риети, Џузепе Салиева, кој е на чело на истрагата, сите се сомневаат дека ваква трагедија е прашање на судбината. Нашата цел е да пронајдеме дали треба да се бара некаква одговорност, вели тој.

Италијанските медиуми велат дека училиштето во Аматриче, Ромоло Карпанича не би можело да издржи земјотреси. Училиштето е реконструрано во 2012 година, а идејното решение е наградено со 700.000 евра со цел да се имплементира градба која ќе може да издржи земјотреси.

Додека екипите за цивилна заштита и пожарникарите продолжија да бараат преживеани во три средновековни градови во неделата, државните музеи во Италија донираат средствата за помош и реконструкција. Министерот за култура, Дарио Франческини апелираше до Италијанците да ги посетат музеите како гест на солидарност со жртвите од земјотресот и нивните семејства.

Во меѓувреме, има голема загриженост дека илјадиници училишта и јавни згради се во ризик дека не се отпорни од земјотреси. Италијанските медиуми велат дека 60% од градбите близу Рим немаат план за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина