ЕКФР: Кризата овозможи Вучиќ да ги засили нападите врз ЕУ

Од:

Кризата предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус овозможи српскиот претседател Александар Вучиќ да ги засили вербални напади врз Европска Унија и да заигра на картата на Кина, но останува да се види дали тоа е паметен потег, се наведува во анализата на Европскиот совет за надворешни работи (ЕКФР).

Во текстот под наслов „Разоткриена коронавирусната дипломатија на Србија“, ЕКФР наведува дека Србија е место каде на тапет се наводни европски неуспеси и дека Вучиќ го привлекол вниманието на 15 март со навредите врз Унијата и пофалбите за Кина поради нејзината медицинска помош, нарекувајќи го кинескиот претседател Си Џинпинг „искрен пријател и брат на српскиот народ“.

– Во изразито циничен настап, Вучиќ ја нарече европската солидарност бајка и ја обвини ЕУ за лицемерие, посочува меѓународната невладина организација, која се занимава со истражувања за европската надворешна и безбедносна политика.

Во текстот се додава дека Вучиќ кажал дека ЕУ не сака да продаде или да и испорача на Србија производи неопходни за борба против пандемијата и дека „истите тие луѓе претходно побарале од Србија да ги смени тендерските процедури за да ги исклучи Кинезите, а компаниите од ЕУ да добијат српски пари“.

Авторите на анализата проценуваат дека „случајот со Србија не е приказна за добронамерната кинеската политика и благодарноста на европската демократија на која и е потребна медицинска помош“.

– Ова е приказна за заемно корисна дипломатија и помпезна реторика. Сè повеќе, нелибералната српска Влада ги користи кризата и поддршката од Кина за да го зајакне својот политички легитимитет, да го оправда падот на демократијата, да го заплаши граѓанското општество и да дополнително ги ограничи медиумите, се истакнува наведува во текстот, во кој се додава дека ЕУ „го забележала овој развој“, но не побарала од Србија да ги објасни постапките. Србија среќно седи на две столчиња затоа што никој не бара од неа да се определи. Таа мора да биде соочена со тоа. За Србија, најважен е односот со Европа и ниту едно количество пропаганда нема да го смени тоа “, се додава во анализата на ЕКФР.

Во текстот се посочува дека ЕУ донирала 200 милиони евра и позајмила 250 милиони евра на здравствениот сектор, опремила болници во Србија и испорачала повеќе од 250 амбулантни возила во земјата, од кои 122 имаат респиратори.

Во анализата се наведува дека Србија има привлечено „најголем износ на кинески заеми и инвестиции од шесте земји од Западен Балкан“ и дека е четврта во Европа по обемот на кинески странски директни инвестиции.

Авторите на анализата на ЕКФР додаваат дека сегашниот раст на публицитетот најверојатно ќе донесе „мали трајни придобивки за Србија, која би можела да стане сиромашна кога кинеските заеми ќе дојдат за наплата“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски