ЕК: Жалиме што Србите во Косово не можеа да гласаат на референдумот

Од:

Европската Комисија денеска изрази жалење што Србите кои живеат во Косово не беа во можност да гласаат на вчерашниот референдум и повика двете страни да изнајдат решение, јави дописничката на МИА од Брисел.

dobivaj vesti na viber

Српските граѓани вчера гласаа на референдум за уставни измени поврзани за реформите во судството потребни за членство во ЕУ, но косовскиот парламент претходно донесе резолуција со која им се забранува на етничките Срби кои живеат на косовска територија да излезат да гласаат.

Европската Комисија денеска преку портпаролот Петер Стано изрази жалење.

– Позицијата на ЕУ е јасна дека сите Срби кои можат да гласаат требаше да ја имаат таа можност и жалиме што не беше возможно да се изведе оваа операција со олеснување на ОБСЕ, вакви операции имало и во минатото. Ова е навистина жално, но потребна беше согласност од двете страни за да биде изводливо, изјави Стано.

Комисијата ги повика двете страни што е можно побрзо да седнат на преговарачка маса и да се договорат за модалитетите за учество на Србите во Косово на следните избори кои ќе се одржат на почетокот на април оваа година.

Европската унија уверува дека иако нема средби на високо ниво во рамките на Дијалогот помеѓу Белград и Приштина „тој сѐ уште е жив“.

– Постојано сме ангажирани со двете страни, но не ги користиме медиумите за пораки, има избори во април и сакаме решение пред изборите, но ќе ги задржиме роковите во рамките на нашата дискретна комуникација со партнерите, додаде Стано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Синиша Мали со најголеми шанси за премиер на Србија

Почина Игор Старовиќ, пејачот на групата „Дивљи кестен“

Катерина Павлова-Николовска

Пратеничка од владејачката косовска партија осудена на три години затвор

Ана Ололовска

Брнабиќ: Дојавите за бомби се притисок врз Србија поради Русија

Ана Ололовска

Косово воведе нови санкции кон Русија и Белорусија

А1он

Дојавите за бомби во белградските училишта ќе биде окарактеризирани како терористички акт

Ана Ололовска