ЕК препорача отворање на преговори со Црна Гора

Од:

Европската комисија го усвои пролетниот извештај во чии заклучоци препорачува отворање на претпристапни преговори со Црна Гора, пренесе црногорската национална телевизија.

Во извештајот се констатира дека официјална Подгорица добро работела на исполнувањето на критериумите, што и биле зададени за започнување на преговорите со Европската унија.

Црна Гора напредувала во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против организираниот криминал и корупцијата, со што ги исполни условите за отпочнување на процесот на преговорите, се оценува во заклучокот на ЕК.

За пролетниот извештај на ЕК, најнапред ќе расправаат министрите за надворешни работи на членките на ЕУ на 26. јуни, по што документот три дена подоцна ќе се најде пред Самитот на ЕУ.

Доколку Самитот го усвои извештајот, тоа практично ќе значи отворање на претпристапните преговори со Црна Гора. Одлуката се донесува со консензус на членките на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора