ЕК не потврдува дека Лајчак ќе биде ЕУ претставник за Косово и Србија

Од:

Европската Комисија одбива да ги коментира медиумските написи според кои словачкиот министер, Мирослав Лајчак, ќе биде назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот помеѓу Србија и Косово, јавува дописничката на МИА од Брисел .

Петер Стано, портпаролот на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, на редовниот брифинг порача дека станува збор за шпекулации и дека во овој момент е прерано да се коментира било што.

-Високиот претставник во регионот разговараше со неговите колеги за идејата да се назначи некој кој ќе се занимава со актуелните прашања, рече кусо Стано, одговарајќи на новинарско прашање дали потенцијалниот претставник на ЕУ би бил задолжен за Косово и Србија или за целиот регион или пак некој трет формат.

Портпаролот потврди само дека во европските институции се размислува за некаков формат, но ништо повеќе.

Дијалогот помеѓу Белград и Приштина е замрзнат речиси година и половина поради косовските царини врз српските производи. Европската Комисија го смета западниот Балкан за еден од своите врвни приоритети, и покрај отсуството на напредок во било која од земјите во регионот. Во тој контекст, институциите размислуваат да ја засилат својата дипломатска активност во регионот. Една од можностите е назначување на специјален преставник.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов