ЕК и додели на Бугарија 11 милијарди евра

Од:

Европската комисија и доделува на Бугарија 11 милијарди евра за екологија, инфраструктура, вработување и аквакултура според договорот за партнерство за периодот 2021-2027 година, соопшти постојаното претставништво на земјата во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, со договорот се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија во областа на кохезионата политика за периодот 2021-2027 година.

Средствата од кохезионата политика ќе ја промовираат економската, социјалната и територијалната кохезија во бугарските региони и ќе помош за спроведување на главните приоритети на ЕУ, како што се еколошката и дигиталната транзиција.

Овие средства, исто така, ќе ги поддржат политичките области каде Бугарија има потенцијал да постигне напредок и да ги намали регионалните разлики во нивната земја. 2,4 милијарди евра од ЕРДФ и Кохезиониот фонд ќе и помогнат на Бугарија да ги постигне своите цели за климата. 600 милиони евра ќе помогнат да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија на 27% од вкупната потрошувачка на енергија, како и да се намали потрошувачката на енергија и емисиите на стакленички гасови во јавните згради.

Средствата од ЕРДФ ќе се користат и за рециклирање на 70% од целиот отпад од пакување. Планирано е да се издвојат и 4,2 милијарди евра за инфраструктура, која ќе служи во регионите на Бугарија каде што недостигаат инвестиции, бидејќи важен проект ќе биде изградбата на тунелот „Шипка“ под Стара планина, кој е од стратешки важност, бидејќи значително ќе го скрати патот од Северна Европа до Грција и Белото и Средоземното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит