ЕК го одобри грчкиот план за закрепнување и отпорност во висина од 30,5 милијарди евра

Од:

Многу сум среќна да соопштам дека Европската Комисија одлучи да му даде зелено светло на грчкиот план за закрепнување и отпорност „Грција 2.0“, како што е насловен, а ова следи по одличната соработка меѓу нашите тимови, порача претседателката на ЕК Урсула фон Дер Лајен од Атина за време на настанот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за презентација на планот на земјата за закрепнување, јави дописничката на МИА од Атина.

Фон дер Лајен рече дека планот ќе донесе раст за грчкиот народ, предвидените инвестиции ќе ја направат Грција посилна и подобро подготвена за иднината и истакна дека станува збор за амбициозен проект што ќе и помогне на Грција да изгради подобра иднина и за Грците и за Европската Унија.

Атина ќе добие 30,5 милијарди евра во следните години, а претседателката на ЕК рече дека откако планот ќе биде одобрен од Советот, првата исплата на средства ќе биде во јули.

-Но, тоа не значи и крај на патувањето. Потребна е работа. Макотрпната работа започнува сега. Имплементацијата на грчкиот амбициозен план е предизвик, но и голема можност. Добрата работа е што денес Европа и Грција се заедно. Ние, Европејците решивме заедно да излеземе од оваа криза и да си помагаме и заедно пишуваме историја и затоа вашиот успех, успехот на Грција, исто така е и европски успех, истакна фон дер Лајен.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објасни дека националниот план на Грција е базиран на четири клучни столба: зелена транзиција, дигитална трансформација, вработување и социјална кохезија и приватни инвестиции.

-Грција припаѓа на земјите кои имаат корист од распределбата на средствата, бидејќи има право на околу 31 милијарди евра субвенции и заеми. Но сепак, исто така ја препознава и сопствената одговорност, со фактот што беше меѓу првите кои доставија сеопфатен Национален план од 175 клучни инвестиции, проекти и реформи, истакна Мицотакис.

На настанот во античката агора во Атина, преку видео бим беа вклучени неколку министри од Владата кои од различни локации на Фон дер Лајен и Мицотакис им ги презентираа нивните планирани активности во рамките на Планот „Грција 2.0“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски