ЕК: Црна Гора да покаже дополнителни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата

Од:

Црна Гора треба да покаже дополнителни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, се наведува во годишниот извештај на ЕК за напредокот на државата на патот за членство во ЕУ.

Земјата, според ЕК, постигнала напредок во воспоставувањето на пазарната економија, ги подобрила можностите за исполнување на ветувањата дадени пред ЕУ и има голем степен на задоволувачки политички показатели за членство во Унијата.

Во текот на последната година беа отворени преговори за две поглавја кои завршија успешно во првичната фаза. ЕК очекува да види реализација на планот од овие преговори за судскиот систем, за основните човекови права и слободи и за безбедноста.

Во изминатата година Црна Гора беше соочена со сериозни предизвици, поврзани со злоупотреби на јавни средства во корист на партиски интереси и недоверба во изборниот процес, се вели во извештајот.

– Нападите врз новинари предизвикуваат загриженост и за нив е потребна истрага и покренување обвиненија, наведува ЕК.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија