Еден загинат при експлозија во полициска станица во Турција

Од:

Еден турски полицаец загина, а осум други се ранети при експлозија во полициска станица во округот Хакќари во југоисточниот дел на Турција.

Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, експлозијата се случила доцна синоќа во полициска станица во местото Јешилташ во близина на градот Јуксекова.

Според теелевизијата, експлозијата најверојатно била предизвикана од невнимателно ракување со рачна бомба.

Во исто време, во текот на минатата ноќ врз полициски оклопни возила во реонот на Хакќари биле фрлени две бомби, кои не експлодирале. „Бомбашите“ успеала да побегнат, по што полицијата започнала акција за нивно откривање и апсење.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски