Еден од обвинетите за убиството на водачот на шкаљарскиот клан: Платиле 1,5 милиони евра за неговата ликвидација

Од:

Турските истражители открија и нови детали од ликвидацијата на Јован Вукотиќ (42), поглаварот на шкањарскиот клан, каде што наведуваат дека уапсените жители на Никшиќ, Здравко Перуновиќ (46) и Радоје Живковиќ, (36), платиле еден и еден половина милион евра за егзекуција на турски изнајмени убијци на мотор. Се појави и снимка од убиството на Вукотиќ.

Да потсетиме, Перуновиќ беше уапсен заедно со Живковиќ и уште десетмина осомничени за учество во убиството на Вукотиќ на 8 септември во Истанбул. Инаку, црногорските медиуми по апсењето објавија дека Перуновиќ во март годинава излегол од затворот Суша.

Перуновиќ, за кој тврдат дека е близок пријател на Радој Звицер и Слободан Кашчелан, беше уапсен во декември 2020 година под сомнение дека ранил сограѓанин во Никшиќ.

– Излезе од затвор на 14 март, по издржувањето на казната, а веќе во април беше распишана потерница од Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, поради сомнение дека учествувал во убиството на Никола Станишиќ во август 2020 година.

Тогаш никому не му беше јасно зошто на Перуновиќ не му беше одреден притвор по излегувањето од затвор.

– Перуновиќ очигледно го искористи „периодот на мирување“ за да си замине од Црна Гора. Му се изгубиле сите траги и не се знаело каде е до 16 септември, кога бил уапсен во Истанбул за убиството на Вукотиќ – додава соговорникот и објаснува дека по него во април била распишана потерница.

Во обвинението поднесено против него во Црна Гора, се сомничи дека бил член на организирана криминална група предводена од Слободан Кашчелан, како и дека учествувал во киднапирањето и убиството на Станишиќ. Станишиќ, наводно, бил тепан и мачен за да ги открие „образите“ на измамниците и да го отклучи  телефонот што го имал.

Како што пишуваа медиумите, Станишиќ пред убиството побарал од џелатите да му дозволат да се моли пред смртта. Додека тој клекнал и се молел со скрстени раце, бил застрелан во задниот дел од главата. Неговата ликвидација, како што се сомнева, ја наредил Кашчелан бидејќи се сомневал дека Станишиќ го следи.

– Турските истражители се уште не соопштуваат каква улога имал некој во ликвидацијата на Вукотиќ во Истанбул, но јасно е дека организатор бил братучедот на Звицер Радоје Живковиќ и дека важна улога имал и Перуновиќ. При апсењето на 12 осомничени, пронајдено е оружје и 11 фалсификувани документи – потсетува соговорникот на Курир.

Вукотиќ беше убиен пред очите на неговата бремена сопруга Маша М., нивната ќерка и возачот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

ВИДЕО: Во Истанбул собир за поддршка на Хамас

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија