Еден месец од масакрот во Белград, 13-годишниот Коста уби девет ученици и училишниот чувар

Од:

Помина точно еден месец од масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ усмрти девет ученици и еден училишен чувар.

Истиот ден, додека некои родители се уште ги чекаа своите деца пред училиштето, се одржа прес-конференција на која беа презентирани првите официјални информации.

Како што беше кажано, ранети се шест деца и еден наставник по историја, а загинаа осум ученици и еден училишен чувар.

Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ детално објасни како дошло до масовното пукање и изјави дека тоа било планирано еден месец. Рече дека момчето од сефот на татко му зело два пиштоли, а на училиште донело и четири молотови коктели.

-Околу 8 часот и 40 минути Иванка Јовановиќ, помошник-директор, се јавила во Итната помош на Полициската управа за Белград и пријавила дека во училиштето влегло дете со огнено оружје и случајно пука. Веднаш биле испратени полициски патроли. После тоа, во 8 часот и 42 минути се јавило непознато лице и се претставило како К.К и кажало дека пукал во неколку лица. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот било утврдено дека момчето кое се јавило во нашата служба употребило огнено оружје. Загинаа осум ученици, седум девојчиња и едно момче – изјави Милиќ.

Подоцна, во болница почина уште едно девоје.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Врачар: 60 ученици се отпишаа од „Рибникар“, никој не сака да биде директор на ова училиште

Горан Наумовски

Мајката на убиецот од Врачар има барање за својот син

Семејствата на убиените деца од „Рибникар“ го тужат училиштето

27 тужители поднесоа тужба против семејството на момчето-убиец од Врачар

Невидени безбедносни мерки: Убиецот од Врачар е најчуваната личност во Србија

Малолетниот убиец од Врачар за жртвите вели: „Тоа беше грешка“

Горан Наумовски