(ВИДЕО) Еден човек загина во масовна тепачка со секири и мотики на пазар во Бугарија

Од:

Еден човек загина, а шест лица се повредени во масовна тепачка што се случила на пазарот во бугарскиот град Казанлак. Според бугарските медиуми, една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба.

Инцидентот се случил вчера околу 14 часот на пазарот во градот. Група мажи се степале со секири и мотики. Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Казанлак.

Две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале семејна расправија, а потоа дошло до крвопролевање.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски