ЕБОР иницира прва програма за циркуларна економија за Западен Балкан и Турција

Од:

Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува нова програма од 155 милиони евра за Западен Балкан и Турција за отстранување на пречките за премин кон циркуларна економија.

Според ЕБОР, програмата наречена „Регионална иницијатива за циркуларна економија“ ќе ги поддржи инвестициите во приватниот сектор, особено малите и средните претпријатија за воведување иновативни технологии и деловни модели на кружна економија со ефикасни ресурси во Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Турција.

Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) ќе ја финансира програмата со 13,76 милиони американски долари, на кои ќе им се придружат средства од ЕБОР од приближно 140 милиони долари.

Според ЕБОР, програмата ќе биде дополнително поддржана од австриското федерално Министерство за финансии со средства во износ од милион американски долари.

Би можело да ве интересира

Турската централна банка интервенираше, лирата закрепна

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Расте бројот на жртвите од невремето во Истанбул, мајка загина штитејќи си го синот кога падна покрив врз нив

Ана Ололовска

Земјотрес од 5,1 по Рихтер го погоди западниот дел од Турција

Ана Ололовска

Четворица загинати во невремето во Истанбул

А1он

ВИДЕО: Катастрофално невреме во Истанбул, летаат покриви од згради и фасади, има и мртви

А1он

Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан

А1он