Џаферовиќ: Ги повикувам соседите да не се мешаат во внатрешните работи на БиХ

Од:

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, денеска ги повика хрватските власти да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја.

По церемонијата во чест на децата убиени во Сараево за време на српската опсада на градот од 1992 до 1995 година, Џаферовиќ изјави дека не сака да полемизира со оние кои често ја коментираат ситуацијата во БиХ, „бидејќи тоа само дополнително придонесува за нејзино влошување“ и ги повика соседите да ја „остават на мир“ неговата земја.

„Ги советувам нашите соседи, вклучително и Република Хрватска, да ја остават БиХ на мир. Ќе ги регулираме нашите односи онака како што мислиме дека треба да бидат регулирани. Ние сме самостојна, независна, меѓународно призната држава и тие според Дејтонскиот мировен договор имаат обврска да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Џаферовиќ.

Тој додаде дека нема намера да презема никакви чекори кои дополнително ќе ја влошат состојбата во земјава, а истото го очекува и од соседните земји.

„Она што се прави е всушност мешање во внатрешните работи на БиХ“, рече Џаферовиќ, алудирајќи на изјавите од Хрватска кои ја оспоруваат законитоста на одржувањето на изборите во БиХ закажани за 2 октомври.

Џаферовиќ порача дека овие избори секако ќе се одржат и тоа во согласност со важечкиот закон кој, како што рече, секој има обврска да го почитува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина