Џачка: Албанија заслужува и треба да седне на преговарачка маса со ЕУ оваа година

Од:

Шефицата на албанската дипломатија и министерка за Европа, Олта Џачка, изјави дека нејзината земја продолжува да ги исполнува сите критериуми за одржување на Првата меѓувладина конференција.

Во онлајн комуникација, Џачка рече дека извештајот на Европската комисија јасно покажа дека Албанија е на вистинскиот пат и напорите на владата за борба против корупцијата дале вистински резултати.

-ЕК е јасна бидејќи вели дека Албанија ги исполнила сите услови за одржување на меѓувладината конференција. Во извештајот се наведува дека Уставниот суд профункционира од декември 2020 година и оти се забележува дека резултатите од реформата во правдата продолжуваат. Постигнувањата се всушност јасен доказ за подготвеноста на владата да се бори против корупцијата и криминалот, изјави Џачка.

Додаде дека извештајот го признава и го цени подобрувањето на јавните услуги, но оти „сме свесни дека во овој поглед има уште работа“.

-Но, овој извештај е потврда за големата работа што е завршена. Тој, исто така, содржи позитивни наоди за економијата за тоа како владата се справи со два шока што ги претрпеа земјата, пандемијата со Ковид-19 и катастрофалнот земјотрес од 16 ноември 2019 година.

Активностите преземени од владата за поддршка на бизнисите беа брзи и соодветни, рече Џачка.

На крајот посочува дека Албанија заслужува да седне на преговарачка маса со ЕУ во текот на оваа година.

-За перспективата да биде веродостојна, мора да се преземе акција сега: Албанија заслужува и треба да седне на преговарачка маса со ЕУ во текот на оваа година, порача таа.

Би можело да ве интересира

Турската полиција заплени 1,5 тони марихуана, прошверцувана со чамец од Албанија

А1он

ФАЦ: Ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата

А1он

Македонски државјанин уапсен на албанско – косовската граница со 39 илјади евра и опрема за криптомонети

А1он

Тензија меѓу Борел и Курти за заедницата за српски општини на Косово

А1он

ЕК: Присуството на ЕУ во Кабул е прашање на недели

Ана Ололовска

Новата европска земјоделска политика стапува на сила

Ана Ололовска