Ѕанакопулос: Грција има меѓународна обврска да го ратификува Договорот од Преспа

Од:

Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа, почитувајќи го својот партнер, но и своите меѓународни обврски, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“.

– Земјата има меѓународна обврска да го ратификува договорот, откако ќе завршат процесите во соседната земја. И тоа ќе го стори Владата, почитувајќи го нејзиниот партнер, но и нејзините меѓународни обврски. Се друго се предвремени сценарија. Цврсто сум убеден дека целиот процес ќе се одвива непречено и дека ќе можеме да ги надминеме сите тешкотии, секогаш почитувајќи ги спротивните мислења во внатрешноста на владата, рече Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, категорично го отфрла сценариото Договорот од Преспа да не помине во грчкиот Парламент и уште еднаш изразува убеденост дека во грчкиот Парламент ќе го има потребното парламентарно мнозинство.

– Моето мислење е дека не постои сценариото за неизгласување на договорот, за нератификување, со фактот дека и господинот Мицотакис рече дека нема да направи ништо, освен да го почитува Договорот од Преспа, доколку се изгласа, вели Ѕанакопулос.

Во интервју за грчката телевизија „Контра“, Ѕанакопулос рече дека посакува и двата процеси кај нас, референдумот и уставната ревизија да завршат успешно, а потоа, договорот да добие зелено светло и од грчкиот Парламент.

Тој ја повика партијата Река, да гласа за Договорот од Преспа, со оглед на тоа дека изјавите од оваа партија во минатото беа со поддршка за обидите на грчката Влада да постигне договор.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски