Движење Самоопределување: Имаше политички упад за промена на изборните резултати

Од:

Партијата Движење Самоопределување (ВВ), која победи на вонредните парламентарни избори одржани во Косово на 6 октомври, објави денеска дека започнала да собира докази за политичко интервенирање за промена на волјата на гласачите и најави мерки против одговорните за таквото прекршување на Уставот и законите.

Реакцијата на ВВ уследи по вчерашната одлука на Врховниот суд на Косово за прифаќање на барањето на коалицијата на досега владејачките партии Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Алијанса ново Косово (АКР) за бришење од конечните изборни резултати на гласовите од Србија. По ваквата одлука, Нисма – АКР го надмина изборниот праг од пет отсто и освои шест места во новото Собрание на Косово, со што автоматски се намали бројот на пратеници на ВВ од 32 на 29.

– Евидентно е дека официјални лица и судии од институциите потпаднаа под политичко влијание во донесувањето на последните одлуки, со намера да се сменат резултатите на изборите од 6 октомври. ВВ собира факти и докази за политичкиот упад во донесувањето на таквите одлуки и ќе се погрижиме сите тие официјални лица опфатени со овој упад за одлуки кои би требало да бидат засновани на законите и Уставот, да одговараат пред законот, се вели во денешното соопштение на ВВ.

Партијата на Албин Курти исто така бара од Централната изборна комисија (ЦИК) да гарантира прецизно пребројување на гласовите од 1.428 гласачки места, што го наложи Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП).

– ЦИК започна со пребројување на 1.428 гласачки кутии, што претставува околу 60 отсто од вкупните гласови. Пребројувањето треба да се изврши на професионален и непристрасен начин, согласно законот и процедурите. Гласачите ја искажаа нивната волја и додека не заврши пребројувањето на сите кутии до последниот глас, резултатот останува оној што го објави ЦИК, се вели во соопштението на ВВ.

ЦИК на 7 ноември ги објави конечните резултати, според кои ВВ освои 32 пратенички места во новиот Парламент на Косово.

Во понеделникот, на 11 ноември, ПЗАП го прифати барањето на коалицијата Нисма – АКР за бришење на гласовите од Србија, а вчера, 14 ноември, Врховниот суд ја одби жалбата на ВВ на одлуката на ПЗАП.

Со одлуката на Врховен, Нисма – АКР, која со конечните резултати на ЦИК немаше ниеден пратеник, сега обезбедува шест пратенички места, со што, по автоматизам, бројот на пратеници на ВВ се намали на 29, а по еден пратеник помалку ќе имаат уште три други политички субјекти. Конкретно, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ќе има 28 наместо првичните 29, Демократската партија на Косово (ПДК) од 25 сега останува со 24, додека Алијансата за Иднината на Косово (ААК) наместо 14 сега ќе има 13 пратеници.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он