Две третини од повратниците од Западен Балкан во Австрија се заразени со коронавирус

Од:

Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Најголем број случаи „увезени“ се од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477, пренесува српскиот портал „Дневник“. Од Косово има исто така зголемен број „увезени“ случаи од 253 на 799. Следи Турција, од каде 662 случаи беа увезени во Австрија. На врвот на листата на земји на потекло е и Хрватска со 683 случаи

Во 31 -та календарска недела, беа регистрирани 5.888 инфекции со коронавирус, а во 32 недела, веќе имаше 8.113 од нив, од кои околу 40 проценти се однесуваат на повратници од одмор.

Во меѓувреме, Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) на Австрија предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се против медиумите.

БВТ посочува дека групите што го негираат постоењето на коронавирусот собираат податоци за медиумските куќи, прават црна листа и сакаат да влијаат врз известувањето за пандемија и вакцинација. Особено, тие работат на собирање е-пошта и поштенски адреси на издавачки куќи во Австрија и Германија, со цел да состават виртуелен адресар.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче