Двајца загинати и 73 повредени при експлозија во турска фабрика за пиротехника

Од:

Две лица загинаа, а 73 се повредени при серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија.

Претходно беше објавено дека се повредени 56 лица, а повеќе од 150 работници останале блокирани под урнатините на фабриката.

Градоначалникот на Хендек, Тургут Бабаоглу изјави за државната телевизија ТРТ дека се прават напори за ставање на ситуацијата под контрола.

Голем број работници успеале да го напуштат објектот за време на инцидентот.

Веднаш се ангажирани десетици пожарникарски и спасувачки екипи, како и возила на итна медицинска помош.

Турските министри за внатрешни работи, за здравство и за труд заминале за Сакарија.

Експлозијата во Хендек се слушнала на далечина од десетина километри, објавија локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Ердоган се закани: Доколку биде нападнат турскиот брод во Средоземното море, противникот ќе плати скапо

А1он

Турскиот брод кружи на работ од грчкиот континентален гребен, тензиите не се смируваат

А1он

По тензиите меѓу Турција и Грција, Макрон испраќа воени бродови во источниот Медитеран

А1он

Мицотакис: Ниту една провокација нема да остане неодговорена

А1он

Турскиот брод „Орус рејс“ го смени правецот – грчки бродови го следат, Атина бара да го напушти реонот

А1он

Расте бројот на новозаразени во најголемите турски градови

А1он