Двајца грчки пожарникари биле спасени од четворица ирански имигранти на островот Лезбос, соопштуваат грчките медиуми.
Имигрантите кои штотуку пристигнале на островот, виделе како противпожарникарско возило паднало во бездна, и откако слегле по стрмнината успеале од возилото да ги извадат двајцата пожарникари.
Повредените пожарникари биле однесени во болница.
Пред националната телевизија грчки полицаец, сведок на настанот, потврдил дека ирански имигранти помогнале за извлекување на пожарникарите.