Два нови земјотреса во централна Хрватска

Од:

Европско-медитеранскиот сеизмички центар (ЕМСЦ) соопшти дека околу 18 часот и 30 минути, нов потрес со магнитуда од 3,4 степени го погодил подрачјето на централна Хрватска.

Епицентарот на потресот бил на 20 километри од Сисак. Неколку корисници на аплијацијата на ЕМСЦ известија дека земјотресот се почувствувал силно во Глина.

„Глина, добро стресе“, пишува еден од нив.

Претходно, ЕМСЦ извести дека уште еден потрес, со јачина од 2,4 степени, денеска го погодил истиот регион.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски