Два милиони евра од ОН за Црна Гора да се справи со коронавирусот

Од:

Обединетите нации издвоија два милиона долари за да и помогнат на Црна Гора во борбата против коронавирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговор на пандемијата, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Тој додаде дека Програмата за развој на ОН и Канцеларијата за развој на проекти обезбедиле медицинска и заштитна опрема.

– Агенцијата на ОН за миграција и Меѓународната организација за миграција исто така дадоа помош, изјави Хак.

Портпаролот на ОН посочи дека во Црна Гора, каде досега има 3.200 потврдени случаи на инфекција и повеќе од 50 смртни случаи, тимот на светската организација го води Фиона Меканли.

Би можело да ве интересира

Мадрид ги „стега“ заштитните мерки против ширењето на коронавирусот

А1он

Во Црна Гора денес 208 новозаразени од 658 тестирања

А1он

30.5 милиони заразени, над 950.000 починати во пандемијата досега

А1он

339 новозаразени во Грција, нови мерки во Атина и регионот

А1он

Аргентина станува жариште на Ковид-19 во Јужна Америка

А1он

Макрон: Ако секој ја направи својата работа, можеме да го победиме вирусот

Ана Ололовска