Претседателот на Одборот на Парламентот на Србија за Косово, Милован Дрецун изјави дека нема алтернатива и мора да се постигне договор помеѓу владата на Србија и Србите од Косово за примена на договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.
Тој истакна дека исклучиво владата на Србија има капацитет да го заштити интересот на Србите од Косово.
Запрашан дали до 12-ти мај, кога што е најавена посета на првиот потпретседател на владата на Србија, Александар Вучиќ на Косово, изјави дека не постои алтернатива и дека до договор може да дојде само доколку владата на Србија има капацитет да ги заштити нивните интереси.
-Никој нема капацитет да го заштити интересот на Србите на Косово како владата. Никои поединци и партии дури ни странски лидери-нагласи тој.
Дрецун додаде дека претставниците на Србите на Косово кои што се против примена на договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина нема да сносат никакви санкции.
Тој нагласи дека заедницата на српските општини на север на Косово, на сите начини ќе биде поврзана со Белград.
Елена Георгиевска