Драма во училиште во Србија: Ученик сакал се да „реши“ со бомба

Од:

Српската полиција го уапси М.А. (19) од Пирот поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

М.А. е осомничен дека му се заканил на наставник во гимназијата во Бабушница дека ќе донесе бомба во училиштето и „ќе реши се“, откако наставникот го предупредил да се погрижи за зачестените отсуства од настава.

Полицијата извршила претрес во неговиот стан, но не пронајде експлозивни направи или оружје.

– На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство во Пирот – соопшти денеска пиротската полиција.

Би можело да ве интересира

Во Србија: Маж нападна момчиња, па налета со автомобил да ги прегази

Горан Наумовски

Во Србија: Уапсена е голема група педофили кои демнеа жртви од три до 14 години

Експлодираше машина за производство на ракетно гориво

Мајка и ќерка осомничени за убиство на маж кај Пожаревац

Горан Наумовски

Србин силувал деветгодишна братучетка, ќерка на неговиот вујко

Инцидент близу Лесковац: Млад човек прободен со нож во грбот, стомакот и десната нога