Драма во Пријепоље: Пожар избувна на депонијата Стањевина, прогласена е вонредна состојба

Од:

Пожар избувна на локацијата на рекултивираната депонија Стањевина кај Пријепоље поради човечко невнимание. На терен се испратени противпожарни екипи за локализирање на пожарот.

-Поради невнимание на граѓаните кои истовараа смет веднаш до рекултивираната депонија Стањевина на влезот во нашиот град избувна пожар, а за да спречиме понатамошни вакви активности и злоупотреби донесовме одлука да прогласиме вонредна состојба на дел од територијата на општина Пријепоље, за да се санира тој пожар што го предизвика еден од граѓаните, изјави Драго Попадиќ, претседателот на општина Пријепоље.

Тој додава дека засега е поднесена кривична пријава против непознато лице и целосно ќе биде забранет пристапот до депонијата, односно околу депонијата со земјен бедем за да не се повтори ваквата состојба која може да предизвика катастрофална ситуација.

Пожарот е ставен под контрола, но повторно превентивно прибегнавме кон оваа мерка. Она што е многу важно е дека не се загрозени ниту депонијата, ниту домаќинствата. На сите ни е многу тешко кога гледаме чад, бидејќи остава горчлив вкус, бидејќи знаеме како изгледале пожарите на таа депонија, вели Попадиќ.

Тој уште еднаш апелира до сите граѓани отпадот да го фрлаат само на места каде што тоа е дозволено.

Би можело да ве интересира

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре складиран изборен материјал во пожар во подрумот на Општина Тетово

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

Изгаснат е пожарот во зградата во Чаир, ќе се утврдува состојбата на објектот

Катерина Ѓуровски

Пожарот во зградата во Чаир уште е активен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 40 станари, меѓу нив и деца се затруле со чад во опожарената зграда во Чаир