Дознаките на албанските иселеници минатата година 1,1 милијарда евра или 10 отсто од БДП

Од:

Албанските иселеници редовно им испраќаат пари на своите семејства во Албанија, кои минатата година достигнале 1,1 милијарда евра.

Тие сочинуваат 10 отсто од бруто домашниот производ(БДП) или колку што изнесуваат директните странски инвестиции.

Италија е главниот извор на емигрантски дознаки во Албанија, земјата од која доаѓаат околу 25 отсто од парите, а потоа следат Велика Британија и Германија, земји каде се 14 отсто од албанските емигранти, но кои заедно носат 375 милиони евра или 33 отсто од вкупниот износ.

Четврта земја по вредноста на испратените дознаки е Грција, а по неа се Соединетите американски држави.

– Од 1992 година кога почнаа првите имигрантски текови, до крајот на 2022 година во албанската економија влегле 30 милијарди евра. Обезбедиле приходи од 13 до 20 отсто од семејниот буџет. Значи, секое 5 семејство во земјава живее со помош на роднини во емиграција, наведуваат медиумите.

Во студијата спроведена од Светска банка и Централна банка на Албанија за периодот 2013-2018 година, произлегува дека едно семејство во просек добивало по 2.000 евра секоја година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија