Доживотен затвор за напаѓачот кој уби 39 луѓе во ноќен клуб во Турција

Од:

Турски суд денеска осуди терорист, припадник на т.н. Исламска држава, на доживотен затвор за новогодишниот напад врз ноќен клуб во Истанбул во 2017 година, во кој беа убиени 39 лица, јави Анадолија.

Узбекистанецот Албулкадир Машарипов е прогласен за виновен за 39 убиства и обид за уривање на уставниот поредок и осуден на 40 доживотни затворски казни без можност за намалување на казната.

Судот во Истанбул го осуди на вкупно 1.368 години затвор за обид за убиство на 79 лица кои беа повредени во нападот од 1 јануари 2017 година.

Машарипов тогаш упадна во истанбулскиот клуб Реина рано изутрина, каде стотици луѓе ја славеа Новата година. По нападот, тој успеа да избега, а терористичката „Исламска држава“ подоцна ја презеде одговорноста за масакрот.

Полицијата го уапси 15 дена по нападот. Тој прво призна дека го извел нападот, а подоцна ги негираше обвиненијата.
Во завршната изјава денеска тој побара да биде ослободен, велејќи дека првичното признание е изнудено преку „тортура и притисок“.

Машарипов инсистира на тоа дека нема доволно докази против него и се очекува тој да се жали на пресудата.

Би можело да ве интересира

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани