Мнистерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил предупредува на ширење на влијание на Турција и Саудиска Арабија во држави од Западен Балкан.
– Влијанието на ЕУ во држави од Балканот се намалува, а истовремено Турција и Саудиска Арабија го шират своето влијание во Албанија, на Косово и во Србија, изјави тој во интервју за германски Велт.
Доскоцил вели дека се работи за прикриена исламизација.
– Поради тој развој, според мене би било неоправдано Турција во рамки на НАТО мисии да зголеми број на свои војници на Балканот, нагласи тој.