Досега во Србија се вакцинирани 276.000 граѓани: се пријавиле над 600.000 лица

Од:

Во Србија досега се вакцинирани вкупно 276.000 граѓани, а 636.952 лица поднеле барање за вакцина преку е-управа и кол-центарот, изјавија утрово од канцеларијата за ИТ управа, за Танјуг.

Од денеска, на сите контролни пунктови можат да се вакцинираат само граѓаните кои добиле покана од електронската управа со датумот на вакцинирање. 24.163 лица во Србија се повикани денеска на имунизација.

Отворени се две сали за вакцинација на најголемиот пункт Белградски саем. Во салата 11, денес се повикани да се вакцинираат 1.244 лица, а во салата 3, 1.800 лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов