Политичките лидери во Босна и Херцеговина ги штитат само своите личи интереси, а не иднината на земјата и не сакаат таа да стане дел од ЕУ за да не мораат да се откажат од привилегиите што ги стекнале со корупција, оцени европратеничката Дорис Пак.
– БиХ во последните шест-седум години изгуби многу време, дури и назадуваше, предупреди Пак, која е член на Комитетот за Југоисточна Европа на Европскиот парламент и известувач за БиХ.
Според неа, во БиХ не постои политичка волја за да се направи нешто со цел земјата да „тргне напред кон ЕУ“.
– Лидерите манипулираат со луѓето поради личните интереси и не работат за иднината на БиХ, смета Пак, која при тоа не именуваше никого од актуелните лидери.
Таа оцени дека се додека политичарите немаат волја за меѓусебно прифаќање и почитување, нема да има напредок на БиХ.