Донев: В четврток состанок на Советот за безбедност на бугарската Влада

Од:

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Гулаб Донев, за БНР најави дека ќе го свика Советот за безбедност на Владата за да донесе конкретни одлуки и мерки и дека неговата земја е подготвена за реакција, јави дописникот на МИА од Софија.

dobivaj vesti na viber

Според Донев делумната мобилизација што ја најави претседателот на Русија доведува до ескалација на тензиите и до фактот дека земјите во Европа и оние кои се блиску до конфликтот помеѓу Русија и Украина, да не знаат до кога ќе продолжат воените дејствија и со каков интензитет.

– Постапката на Русија е неприфатлива, особено што таа е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и треба строго да ја почитува Повелбата на ОН и да не се заканува на која било друга земја со воена сила, што е директно кршење на Повелбата на Организацијата, истакна Донев.

Тој додаде дека Бугарија нема да ги признае референдумите што се одржуваат во четирите региони во јужна и источна Украина, категоричен беше в.д. Донев истакна дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но „до овој момент нема директна воена закана“.

– Во исто време министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во својот говор на 77. седница на Генералното собрание на ОН ги нарече дејствијата на Русија во Украина нелегална воена агресија.

Русија, според Милков, не само што ја дискредитира глобалната безбедност, туку создава опасност за целиот меѓународен поредок заснован врз правила.

Тој го осуди одржувањето на референдумите во окупираните четири украински региони, велејќи дека тие не се слободни и фер и дека тие не мора да имаат значење за другите земји во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Софија протест против враќањето на хартиеното гласачко ливче во Бугарија

Ана Ололовска

„Демократска Бугарија” и „Промените продолжуваат” вечерва на протест пред бугарското Народно собрание

Ана Ололовска

Петков: Нема да предложам влада доколку се врати хартиеното гласачко ливче

Ана Ололовска

Радев до Руте: Оставањето на Бугарија надвор од Шенген зоната не е во интерес на Европската унија

Ана Ололовска

Бугарскиот технички премиер Гулаб Донев ја прими косовската претседателка Вјоса Османи

Ана Ололовска

Двајца бугарски министри во посета на Хаг поради Шенген

А1он