Донев: Почнува план за финансиска стабилизација на „Булгаргаз”

Од:

Бугарската преодна влада од денеска ќе почне со подготвка на план за финансиска стабилизација на компанијата „Булгаргаз“, со што таа ќе може да обезбеди снабдување со гас, најави денеска привремениот премиер, Гулаб Донев, на првата средба на преодната влада на Бугарија.

Според Донев, јави дописникот на МИА од Софија, следната недела ќе биде распишана аукција за краткорочни набавки на течен гас со цел да се обезбеди потрошувачка до крајот на грејната сезона.

-Ова се резултатите што ги постигнавме по синоќешната работа на кризниот штаб, која ќе продолжи и за време на викендите, за да бидеме што поискрени и отворени пред бугарското општество и бизнис, посочи и привремениот премиер.

Доцна синоќа беше формиран Национален оперативен штаб што ќе работи на снабдувањето на Бугарија со струја и гас поради, како што рече, хаосот во секторот наследен од владата на Петков.

Донев кажа дека од Кризниот штаб очекува вистински активности, а не само зборови.

Тој додаде дека нема да влегува во надворешни политички расправии бидејќи негова одговорност е да бара решенија за проблемите, а не да создава илузии.

Се очекува денеска на првиот состанок преодната влада да ги смени сите регионални гувернери во Бугарија.

Бугарските социјалисти ја критикуваа привремената влада, а делумно и претседателот Румен Радев, дека ги смениле нивните кадри од администрацијата.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еден човек загина во масовна тепачка со секири и мотики на пазар во Бугарија

Горан Наумовски

Бугарија пред банкрот, доцни влезот во еврозоната

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 92-годишен Бугарин возел пијан, без дозвола и со нерегистриран автомобил: Не знам за што ме сопреа!

Орце Костов

Бугарија за половина час ја погодија три земјотреси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Андреева-Малкова од БНР: Чекаме Бугарите да бидат впишани како рамноправен народ во Уставот на Македонија

Орце Костов

Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба

Орце Костов