Доколку САД одбијат да ги испорачаат авионите Ф-16, Турција ќе се сврти кон руските Су-35 и Су-57 и

Од:

Турција останува подготвена да ја разгледа опцијата за купување борбени авиони Су-35 и Су-57 од Русија, доколку Анкара не постигне договор со Вашингтон за испорака на американски авиони Ф-16, изјави денеска директорот на турската одбранбена индустрија Исмаил Демир.

-Ако САД не го одобрат договорот за набавка на авионите Ф-16, по затегнатата ситуација со исклучувањето од програмата за развој на моделот Ф-35, Турција нема да остане без алтернативи. Во секое време повторно може да се отвори прашањето за авионите Су-35 и Су-57, рече Демир за турскиот ТВ канал НТВ.

Тасс пренесе дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера објави дека постои можност САД да и продадат борбени авиони Ф-16 на Турција, откако одлучија да ја исклучат Анкара од програмата за развој на авионите од петтата генерација Ф-35, а сето тоа се случи откако Турција го купи рускиот противракетен систем С-400.

Британските медиуми вчера, исто така, јавија дека Турција испратила официјална понуда до САД за купување на 40 авиони Ф-16 и 80 пакети потребни за модернизација на веќе постоечките Ф-16 во турските воздухопловни сили.

Москва и Анкара во 2017 година потпишаа договор за испорака на руските системи за воздушна одбрана С-400, со што Турција стана првата земја членка на НАТО што го купи ова одбранбено оружје од Русија.

Одлуката на Анкара да купи руски одбранбени системи ги налути САД и НАТО, а досега Вашингтон не ги прекина напорите да ја принуди Турција да го врати рускиот систем за воздушна одбрана.

Турција не попушти под американскиот притисок и најави дека ќе го задржи системот С-400, а Вашингтон одговори со исклучување на Анкара од американската програма за развој Ф-35.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски